Родителите на учениците од струшкото „Браќа Миладиновци“ на протест.
Пред почетокот на новата учебна година, струшките ученици, наставата ќе треба да ја следат во стариот објект на основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга, и покрај тоа што, општина Струга на 19.07.2019 година излезе со изјава и даде ветување пред граѓаните, дека до 25.08.2019 година, ќе се завршат подготовките во новиот објект.
Родителите видно вознемирени и затекнати од грозоморната глетка во училишните простории, во кои треба нивните деца да ја следат наставата, најавија дека ќе ја бојкотираат и нема да ги пуштат своите деца во такви услови.
Страшни се сведочењата на родителите, во кои кажуваат дека минатата учебна година се соочиле со шуга и вошки, замислете, во 21ви век!
Дека носеле дрва од дома за загревање на училниците, за да можат дечињата да ја следат наставата во топло, за време на зимскиот период.
-„Од овие загрижувачки искази на родителите, бараме општина Струга, градоначалникот Рамиз Мерко, локалната СДСМ и Министерството за образование и наука, веднаш да преземат соодветни чекори и да се обезбедат услови за децата да можат безгрижно да одат на училиште и да престојуваат во училници, какви што им доликува на сите ученици!
Вакво нешто не треба да се толерира, посебно не, кога станува збор за нашите деца!
Срамно и жално е во 21ви век, во ваква мизерија да се школуваат децата!
Господине Мерко, продадете го аудито и обезбедете им на децата, ако ништо повеќе, тогаш барем основни услови за учење!Со вакви стандарди, многу сме далеку од Европска Унија!
Оставка веднаш!Затоа што Струга и стружани не заслужуваат ваква мизерија и уназадување!“, повикуваат од општинската ВМРО ДПМНЕ.