Екипите на ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД Одделение за одржување на канализациона мрежа, градба на нови и реконструкција на постоечки делови од канализациона мрежа изведува градежни активности на фекална канализација на новиот комплекс на згради на улица Асном.
-Должината на трасата изнесува 265 метри, ќе се поставуваат цевки со дијаметар ф400 мм и изработка на 12 арминарно бетонски ревизиони шахти. Градежниот зафат изнесува 2 887 841 денар. Се реализира по налог на фонд за комунален развој со средства од буџетот на Oпштина Oхрид, информираат од ЈП Нискоградба.