Од вчера започна собирањето донации за обнова на Едриличарскиот клуб „Снегар“ во Струга.
После силниот пожар кој пеплоса триесетина едрилици и уништи се до темел, предивикувајки огромна материјална штета, стружани се организираат и бараат помош и поддршка од сите хумани граѓани за обнова на клубот.
Се уште не се познати причините за пожарот во клубот. Според првичните проценки штетата се проценува на 300 000 евра.
Ова се Марко и Сара продаваат играчки и собираат финансиски средства за реновирање на запалениот едриличарски клуб во Струга. ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ!
Донациска сметка 200003476774193
Назив: Донации за снегар
Стопанска банка