Летово, Северина доаѓа во Охрид.
Северина ќе одржи концерт во Охрид, на 27 јули од 21 часот, на стадионот „Билјанини извори“, објави охридскиот ноќен клуб „Awake“, на својата фејсбук страница, пренесува zenskimagazin.mk.Хрватската поп-ѕвезда е актуелна со хитовите „Хазардер“ и „Мртав за мене“, со кои го најави нејзиниот нов албум. Претходниот поголем концерт на Северина во Македонија беше во Скопје, во 2013 година, кој беше дел од промотивната регионална турнеа на албумот „Добродошао у клуб“. Концертните настапи на таа турнеа беа богато мултимедијално шоу , а ги режираше покојниот словенечки режисер со светски успеси, Томаж Пандур.
