Велосипедска тура околу Охридското езеро

Дваесеттина велосипедисти денеска возат тура околу Охридското езеро.

На рекреативна тура околу Охридското езеро утрово тргнаа дваесеттина велосипедисти од Охрид и Струга. На пат околу Охридското езеро, велосипедистите тргнаа утрово во 09 часот од спортската сала „Билјанини извори“.Бранко Трајкоски, еден од учесниците, вели дека учество може да земе секој велосипедист. Додава дека велосипедската траса е Охрид- Струга-Калишта-Ќафасан-Лин-Поградец-Св.Наум а спрема потребите ќе има попатни застанувања и кратки паузи.Од она што е обврзувачко, велосипедистите треба да имаат технички исправен велесипед, заштитна кацига, резервна гума, бидон со вода, овошје,житарици и слично.Трајкоски напоменува дека секој велосипедист мора да носи лична карта или пасош а враќањето во Охрид треба да биде околу 19 часот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани