Што охриѓани посакаа од Дедо Мраз?

Сите ние имаме свои желби и мечти. Остварливи, скриени, тајни, неостварливи,,…. Како измина 2018 година? Што  ќе посакаат од Дедо Мраз? Охриднет запраша повеќе угледни семејства и почитувани граѓани  на Охрид…. Погледнете што посакуваат….

Познатиот изработувач на охридски  бисери Михајло Филев со  семејството

Поминува времето се множат години кој зад себе оставаат спомени,настани, чувства елегија.Сето тоа создава и влијание врз идното време кое можеме поучени од негативните појави настани и дела да превенираме да не ги повторуваме на секое поле,туку сите позитивни случувања да не инспирираат да создаваме  нови и сите да ги применуваме во подобрување на квалитетот на општеството и човековиот психофизички развој. 2018 ке ја оставам зад себе со многу  спомени настани поврзани со моеот приватно и деловно поле.Исполнетиот семеен живот љубовта кон своите роднини пријатели познаници, сограѓани, другарувањето,спортувањето генерира да го користам секој слободен миг  да посветам љубов,внимание,почит на сите,со тоа да ја исцрпам сета позитивна енергија за да ми биде мотив императив да генерирам создавам и да делувам позитивно охрабрувачки на моите соработници и делата кој ги создаваме на професионално поле во сферата на мојот занает и традиција за изработката на Охридскиот бисер.На професионално поле можам да истакнам максимална посветеност во промоцијата на град Охрид и Р.Македонија преку охридскиот Бисер со презентации на дел од изработката во работилницата и музејот на охридски бисер историјата и сите еминентни светски личности настани и случки кои се поврзани со бисерот во овие 100 години традиција и труд на четири генерации.  Аплициравме во Агенцијата за филм на Р.М. со документарниот филм како основа за снимање  игран филм каде ќе ги организираме заедно со режисерите Кумеви најзвучни филмски и актерски имиња со цел да направиме огромна промоција на македонскиот  и охридски Бисер поврзани со историските личности и настани во овие 100 години. Како љубител на фудбалот оваа 2018 ке ја паметам по светското првенство во Русија. 2018 ќе ми остане во неверување и длабоко жалење за ненадејната и прерана смрт на мојот драг пријател,ценет  професор,почитуван градоначалник Проф.Др.Јован Стојаноски.Голема загуба за семејството, Охрид и Македонија.Во новата 2019 пред се`  посакувам здравје, љубов напредок на сите граѓани на Охрид,  Македонија и сите луѓе во светот! Да се случуваат само убави нешта на сите полиња сите да го дадеме максимумот и приватно и службено поле  во создавање на добри дела  и ширење на убави вибрации. Среќна Нова 2019 и Божиќни празници!

Доктор Кирил Пецаков со сопругата д-р Билјана и синот

Најпрвин честитки за досегашната успешна работа на вашиот портал.
2018 година е година која ќе ја паметам по многу убави работи како на професионален така и на приватен план. На професионален план продолжува мојата стручна надоградба во областа на детска и превентивна стоматологија, а во политиката во 2018 г. со даоаѓањето на Христијан Мицкоски на чело на ВМРО ДПМНЕ, сум дел од извршниот комитет на партијата.
2018 исто така е година,која за жал ќе остане запаметена како година во која Македонија и македонскиот народ започна да се обезличува идентитетски и парадоксално се случуваат и спроведуваат процеси поддржани од одреден број на пратеници, спротивно од одлуката на народот на последниот референдум по однос на промена на името на нашата земја, Македонија.
Исто така 2018 ќе биде запаметена како тажна година за Охрид, заради ненадејната смрт на Градоначалникот проф. Јован Стојаноски, нека почива во мир и слава му!
Во 2019 г. му посакувам на сите граѓани многу среќа, здравје,љубов и успех на сите полиња. И за крај уште многу успешни години на вас како портал …

Ивана и Дејан Лескароски со нивниот син Роман

Изминатава година ќе ја испратиме со насмеани лица. Искрено беше една од поубавите години во нашиот живот.  ФК „Лабуништа“  стана целосно дел од нашето секојдневие до пред некое време само Дејан беше дел од тоа прекрасно “семејство” сега и јас како директорка на  фудбалскиот клуб. Кога сме кај Дедо Мраз од него ќе посакаме да ни го зачува мирот и љубовта,  а во наредната година да ни донесе здравје пред се на Роман зашто тој е центарот на нашиот свет…..Кога имаме здравје имаме се тоа им го посакувам од срце на сите….Новогодишните празници максимално ќе ги посветиме на Роман овој период од годината најмногу го сакаме зашто ТАТО само тогаш има малку слободно време. Под елката подароците пристигнуваат секој ден и хармонијата што владее во семејството уствари е и суштината на животот.. Дедо Мраз за Роман стигна малку порано и му ја исполни желбата си доби  плеј стејсшн 4,  а радоста што тој ја доживува нас очите ни ги полни со солзи радосници…И секогаш после дождот доаѓа сонце лошите години ги оставаме зад нас и се надевам дека секоја наредна година ќе ни е барем иста како оваа. Среќна Нова година! 

Адвокат Мишел Наумоски со двете ќерки 

Во новата 2019 година најпрво посакувам здравје многу позитивна енергија  и најмногу љубов на моите прекрасни ќерки Јана и Надица. Успеси, позитивна мисла и разбирање за моието семејство и најблиски пријетели кои секојдневно ми даваат безрезервна поддршка и сила за секој нов предизвик. Нашиот Охрид да биде исполнет со млади, ведри и позитивни луѓе, луѓе кои секојдневно ке се гордеат што живеат, творат и формираат семејсва токму во балканкиот Ерусалим. И од срце посакувам посветла иднина, подобро утре, ведра мисла и безгрижни денови за сите граѓани на нашата прекрасна Република Македонија. Среќни и благословени Новогошни и Божиќни празници.

Доц. Др. Никола Митровиќ Бабе и неговото семејство

Крајот на една година која изминува преставува добар момент за согледување и резиме на сработеното или пак неуспешноста да се сработи а било планирано. Секогаш успевам на крај од година да ги сумирам работите на професионален и личен план и во зависност од сообразноста на исходот да направам идни планови за наредната година.
Така 2018 година на професионален план ја преставувам како доста успешна со оглед на моите ангажмани во поглед на пишувањето и исходот од пишувањето во вид на книга.
Најпрвин да укажам на водичот за „манастирот Свети Наум“ во кој автор на текстот бев во целост јас а фотографиите од познатиот македонски фотограф Милан Џинго. Токму овој водич на македонски и англиски јазик е прв од ваков вид и допринесе за појаснување и откривање на некои нови аспекти за самиот манастир.
Подоцна произлезе проектот „Факти за градовите…“ во кои беа опфатени градовите Охрид, Струга и Кичево, и проект кој со воодушевување беше прифатен и пропагиран.
Исто така оваа 2018 година од печат излезе и мојата книга „Архив(истика)“ во која е опфатена науката архивистика, во светот, во Македонија и во нашиот град.
Исто така оваа година беа започнати монографии за АД ГАЛЕБ и притоа остануваат во наредната година да се промовира и каталог за печатницата Коста Абраш, во кој се согледува историскиот развој на овие две најстари претпријатија од нашиот град.
Исто така во 20018 година се започна со пишување на монографија за градот Охрид под покровителство на Општина Охрид во чиј домен на пишувачи сум и јас.
Веднаш тука морам да споменам еден приватен момент а тоа е огромната загуба со прераната смрт на градоначалникот Стојановски, човек кој несебично беше за науката и кој во целост ги поддржуваше пишаните дела. Токму една таква желба му беше монографија за Охрид, при што давам ветување дека истата ќе биде направена во негова чест. Иако успесите на приватен план беа застапени, сепак овој немил настан со прераната смрт на градоначалникот Стојаноски доведе до огромна и ненадминлива загуба по која за жал 2018 година ќе ја помнам по лошо.
Сепак 2019 година мислам дека треба да биде година на довршување на започнатите проекти како и реализација и конечно завршување на неколку монографии поврзани со градот Охрид.
На приватен план можам да истакнам дека моето секојдневие е исполнето со детската радост, џагор и смеа на моите две ќерки Христиана и Кирјана. Таквото секојдневие го делиме со сопругата Ана и се надевам дека 2019 година временски уште повеќе ќе го минуваме со нашите две ќерки.
За крај сакам во 2019 година на сите да им посакам здравје, радост, смеа, љубов, да не ги заборавиме личностите кои сме ги изгубиле во минатото, да се водиме по стапките на нашиот прерано заминат градоначалник, да го споменуваме, и се она што сме ветиле да го исполниме.
На Ваш како медиум да Ви се заблагодарам за корекноста во известувањето и да Ви посакам успешна и плодна наредна година.

Доктор Драган Спасески Охридски и сопругата на изложба

Убава традиција која не би сакал да се прекине… На личен план… оваа година организирав авторска ликовна излозба на  академскиот сликар Наташа Цхацхиц во Мусеум Рерсонанце Охрид и тоа го сметам за сериозен предизвик со желба за континуирани  организирања на авторски изложби и во наредниот период… Локално го поздрвавувам формирањето на музичката група од Охрид … КУКУЗЕЛ кои имаа свои настапи во ресторанот Кадмо… и фасцинираа со енергијата која ја пренесуваат на слушателите… како и Охрид трчаТ  прекрасна спортска манифестација … нов спортски идентитет на Охрид заедно со едриличарската регата во организација на ЛЦ Охрид кои настојуваат да прераснат во традиција од највисок ранг… Поздрав до почитувачите на ТВМ и до твое лично име… 

Доктор Марија Зимбо и семејството 

 2018 година  ми „летна“ во миг. На професионален план многу работа, труд , усовршување…. На приватен план многу љубов, семејни дружби  и патувања. Од Дедо Мраз посакувам пред се`  здравје, многу здравје за сите и што помалку пациенти. Потоа љубов, мир, благостостојба и напредок. Новата година нека биде среќна и бериќетна! 

Охриднет им посакува да им се остварат желбите на сите, а и Вам драги читатели! 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани