Словачка делегација во посета на општина Охрид

Делегација на Република Словачка, предводена од амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија, Н.Е. Хенрик Маркуш, во придружба на потпретседателот на Жилинскиот самоуправен регион, Милан Лауренчик, генерелниот викар на епархијата на Жилина, како и градоначалникот на Терхова, Јозеф Давидик и директорот на градскиот културен центар Терхова, остварија средба со градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски.

 

На средбата се разговараше за остварување на соработка во областа на културата со поставување на изложба во Охрид како почеток на една подлабока соработка во иднина. Понатака се разговараше за соработка во областа на туризмот како и пренесување на искуства од кој што ги има Словачка во оваа област.

Од страна на словачката делегација, на градоначалникот Стојаноски, му беше врачена официјална покана за присуство на јубилејното издание на културната манифестација посветена на Сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј.

Делегацијата на Република Словачка, утре, заедно со делегацијата на Општина Охрид ќе положат цвеќе пред споменикот на Св. Кирил и Методиј.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани