Отварање на четири нови дестинации од Охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“, бара македонската влада.
На новиот тендер за државно субвенционирање на домашна или странска авикомпанија Владата на Македонија ќе бара отварање на четири нови дестинации од Охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“. Според министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, повикот ќе биде објавен наскоро.
„Ќе овозоможиме на сите учесници на тендерот да добиме компанија која посветено ќе работи и ги исполнува сите услови. Затоа ќе се формира комисија од повеќе институции, која ќе ја работи тендерската постaпка. Наш стремеж е да има што повеќе летови и од Охридскиот аеродром. Продолжуваме да работиме со ниско буџетните компании, тоа беше наше изборно ветување“, изјави министерот Сугаревски.Договорот со актуелната унгарска ниско буџетна авио компанија Визер завршува на крајот на јуни. Таа е единствената компанија која шест години лета од Македонија со субвенционции од буџетот на Република Македонија.Визер лета од Охридскиот аеродром кон Базел и Лондон – Лутон, а од оваа есен најавено е и отварање на линија Охрид – Виена.
Според упатените, од суштинско значење е Македонија да има свој национален превозник со цел зголемување на бројот на патниците, како и за натамошно стимулирање на националната економија. Се смета дека национална авиокомпанија дополнително би го засилила растот на македонските аеродроми, создавајќи нови можности за патниците и бизнисите.
