Со кампања „Дома си е дома“ ќе се спасува туризмот

Со маркетинг кампања „Дома си е дома“ АППТ  ќе го спасува туризмот од кризата со коронавирусот.

Агенцијата подготовува кампања за домашните гости со која ќе ги промовира македонските атракции, подзаборавени дестинации и оние што добро ни се познати, но вреди да се посетат повторно.

 Кризата која го зафати туризмот поради коронавирусот ќе остави тешки последици и во наредниот период, ова е глобален проблем, но сите држави преземаат мерки за да ги задржат луѓето во туристичкиот сектор на работа. Ограничувањето на движењето, патувањата меѓу земјите од шенген-зоната, затворањетои изолацијата придонесе туризмот да има невиден пад, многу европски дестинации годинава спасот го гледаат во домашните гости.

Од таа причина АППТ промоцијата ќе ја насочи на домашниот туристички пазар и македонските туристички капацитети. 

– Да посетуваат локалитети во близината или пак подалеку, да направат неколкудневни екскурзии или да се одморат во недопрените рурални предели на нашата убава земја. Исто така ги поттикнува инволвираните изасегнати туристички субјекти да привлечат колку што можат поголем број на домашни посетители преку конкретна туристичка понуда и максимално искористување на своитекапацитети. Преку поттикнување на домашниот туризам се придонесува за поголема лична потрошувачка, што влијае и врз економскиот раст. Несомнено развојот на домашниот туризам позитивно влијае врз севкупната економија.

Туризмолозите и експертите се водат од општиот разум кој вели дека ако некој седи дома ќе направи помал трошок, но ако излезе барем на еднодневна прошетка, тогаш ќе купи повеќе продукти, со што на некој начин ја поддржуваа домашната економија. Уште поголем е придонесот кога се посетуваат градовите низ земјата и кога се престојува на неколку дена, бидејќи денешните туристи не се сконцентрирани само на една форма, туку сакаат да посетат повеќе различни дестинации, и плажа, и планина и локалитет, информираат од Агенцијата.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани