Ќе се одлучува за олабавување на мерките

Дали ќе се олабавуваат мерките за заштита од коронавирусот – денеска повторно ќе има нови препораки од Kомисијата за заразни болести.

Препораките се носат врз основа на новите податоци за новозаболени. Вчера, како што соопшти Министерството за здравство имаше нови 20 случаи на заразени со ковид-19 во земјата и не беше регистриран смртен случај поврзан со вирусот.т

Завчера пак бројот на новозаболени изнесуваше 36. Според некои неофицијални информации, Владата нема скоро да го ослободи работењето на моловите, обложувалниците и угостителските објекти.

Се очекува од денеска да почне и скрининг на населението за откривање на асимптоматските случаи, што го најави министерот за здравство. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани