Со марихуаната в раце бегал од полицијата

Момчето, како на филм бегал од полицајците кои му биле зад петици.

Вчера во 15.45 часот во Полициска станица Струга бил приведен М.М. од с.Радолишта, струшко. Како што информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, „ кај местото „Радолишка Краста“ полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген голф“, што го управувал М.М., при што пронашле и одзеле марихуана. Притоа, М.М. се обидел да избега, но паднал и се повредил, по што бил приведен. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“. 

Social profiles