Со сет мерки ќе се стимулира авио превозот

Владата денеска ги измена условите за поддршка на авиопревозниците, односно го зголеми износот за субвенција по патник.

-Досегашните 4.5 евра се зголемуваат 12 евра за патници кои ќе слетаат на Охридскиот аеродром. Тоа значи дека Охрид како дестинација наредната година ќе го посетат голем број туристи од странство кои ќе ги искористат некои од овие летови.
Само со конкретни мерки и одлуки може да се развива Охрид. Заедно со сите надлежни продолжуваме да работиме во интерес на Охриѓани и за Охрид, информира градоначалникот Пецаков.

Владата со сет мерки ќе го стимулира авиопревозот во земјава кој е во надолна линија. Министерот за транспорт, Александар Николоски, објави новини во субвенционирањето во авиосообраќајот што треба да ја сменат состојбата.

– Македонија од лидер во регионот во делот на воздушниот сообраќај некаде пред 10-15 години, во последниве години се соочува со намалување на бројот на летови, на бројот на дестинации и најважно на бројот на патници кои доаѓаат во Македонија. Тоа се должи на многубројни фактори, кои дел се од објективен карактер, дел се од субјективен карактер, но за истите треба да наоѓаме решенија во периодот кој следува – истакна Николоски.

Главна новина е што место субвенционирање авиокомпании, Владата ќе субвенционира дестинации, како што е сега унгарскиот нискобуџетен превозник „Виз ер“ и германската „Луфтханза“ со кои лани имаме потпишано тригодишен договор.

– Ја избегнуваме праксата кога се субенцираа една, две или три авиокомпании. Со овој начин ја избегнуваме зависноста да субвенционираме еден авиопревозник. Причината за драстичното намалување од 330.000 патници оваа година, за жал е поради проблемот што го има „Виз ер“ со своите авиони, што на ниеден начин не е поврзан со состојбата во Македонија. Оваа компанија во моментов држи над 60 проценти од целиот авиосообраќај на двата македонски аеродрома – рече Николоски.

Авиокомпаниите кои ќе конкурираат на конкурсот што ќе биде објавен следната недела, ќе треба да исполнат услов – да имаат опслужено 5 милиони патници во текот на 2023 година. Треба да имаат и најмалку 10 милиони евра профит во текот на 2023 година. Николоски и појасни дека новите дестинации за кои ќе се дава субвенција можат да бидат и надвор од ЕУ, што досега не беше така.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани