Во сообраќајката има две тешко повредени лица.
Вчера, околу 12.50 часот на магистралниот пат село Подмоље, струшко-Ќафасан се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.С.(27) од Струга и возило „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на Општа болница Струга, управувано од М.М.(43) од село Делогожда, струшко. Притоа, со тешки телесни повреди се здобилe Н.М.(58) од село Лабуништа и Џ.М.(59) од село Лабуништа, кои биле во возилото „Цитроен“ и биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Со телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „Цитроен“, А.М.(28) од село Лабуништа, констатирани во болницата „Св.Еразмо“.
-Увид на местото извршила екипа од полициската станица Струга. Се работи на расчистување на случајот, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
