Спасителите на вода оваа сезона спасија 17 давеници

Оваа летна туристичка сезона спасителите на вода на брегот на Охридското Езеро подарија 17 животи. Покрај на  давеници, имале над 1000 интервенции за пружање помош при  топлотни удари,несвестици, водени шокови,  посекотини и скршеници.

На охридското крајбрежје се ангажирани 10 спасители, но на струшкото само еден. Иако е зкаонска обврска на сите концесионери да имаат безбедни капалишта, обележани  со бови, граничник и лиценциран спасител, за жал тоа со години  не се почитува.

-„ Сите оние кои сакаат да ги користат водите на Охридското Езеро, кои доаѓаат за да се капат да ги користат пред се безбедните капалишта, оние кои се обележани, оние кои што имаат соодветни реквизити и оние кои што имаат спасители на вода. Тоа се десет капалишта на охридското крајбрежје, едно капалиште во Струга и еден аква парк во Струга“, вели Сашо Точков претседател на Црвен крст Охрид.

Сезоната за капење се уште е  во полн ек, на  плажите има голем број  посетители.  Гостите велат треба поголема грижа за подигнување на безбедносните стандарди.

-Јас мислам Охрид како туристичко место треба сериозно да се ангажира, вака гледаме како оди времето се подобри се плажите, посредени но секпак спасувачите на вода се она што е најпотребно за туристите кои што доаѓаат.

-Овде гледам дека нема на цела плажа а и на други плажи. Секако треба да има како во Грција нели во Европа ке одиме.

-Треба да има спасители на секоја плажа.

– Нема ама на секоја плажа би требало да има како што е во Европа и низ светот.

Оваа летна сезона до денес не е регистриран ниеден давеник во Охридското Езеро.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани