ТАВ Македонија и „Виз ер“ ќе го одбележат стартот на три нови линиии од Скопскиот аеродром.
Станува збор за отпочнувањето на летовите на трите нови линии до Малта, Рим и Ваксјо (Шведска).
Настанот ќе се одржи утре, петок, 14 јули 2017, со почеток во 9.00 часот, на скопскиот аеродром „Александар Велики“.
Пред присутните ќе се обратат Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија и Сорина Рац, одговорна за корпоративни комуникации во „Виз ер“.