Стефоска бара одземање на ингеренциите на Охрид и Струга

По стартот на уривањето на ресторанот „Парк“ во Охрид и бурните реакции на еколозите за вредноста на објектот како архитектонско дело се огласи и министерката за култура Ирена Стефоска.

-„Очигледно дека општините Охрид и Струга немаат волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО. Оттаму, ќе иницирам пред Владата да се разгледа можноста за одземање на ингеренциите на овие општини. Во делот на надлежностите на Министерството за култура, на одговорност ќе бидат повикани Завод за заштита и Музеј Охрид како и Управата за заштита на културното наследство“, напиша на својот фејсбук профил Стефоска.

Охрид ЅОЅ пред неколку днеови побара ресторанот „Парк“ да биде заштитен како споменик на културата, но според урбанистичкиот план на негово место ќе се гради хотел.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани