Струга домаќин на конференција за регионален развој

Конференцијата има меѓународен карактер.

Во организација на Југозападниот плански регион, утре и задутре во хотелот Дрим во Струга,ќе се одржи меѓународна конференција за рамномерен регионален развој, што е во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој”. Учесници ќе бидат околу 70 домашни и експерти од странство ќе ги анализираат постигнатите резултати во регионалниот развој во изминатата декада од донесувањето на Законот за рамномерен регионален развој во 2007 година и воспоставувањето на осумте плански региони заедно со клучните тела на регионално ниво. Експертите ќе дебатираат по точки поврзани со инфраструктурата како основа на идниот развој, заштитата на животната средина, за можностите за продлабочување на туризмот и руралниот развој како и за можностите на финансирање на проектите на деветте општини од Регионот од домашни и меѓународни извори.Се очекува, на конференцијата што е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерствотоза локална самоуправа, да се донесат заклучоци и препораки што ќе бидат искористени од локалните, регионални и национални чинители во планирањето на идниот развој на државата.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани