
Светиот синод на БПЦ не дава благослов претставници на БПЦ-БП да учествуваат на прославата на 1000-годишнината од основањето на Охридската архиепископија во Охрид, Република Македонија, пренесува БГНЕС.Одлуката беше донесена по повод писмото на македонскиот архиепископ Стефан, на покана од претставници на БПЦ-БП, да учествуваат на прославата по повод 1000-годишнината од Охридската Архиепископија, која ќе се одбележи на 27-ми мај.На барање на русенскиот митрополит Наум БПЦ да не учествува на прославата во Охрид поради „темелни разлики”, синодот со мнозинство гласови одлучил да не даде благослов претставници на БПЦ да земат учество во прославата што ќе се одржи на 27 мај во Охрид.Против учеството на прославата биле 8 од владиците, а „за” биле петмина.
Со Свечена академија во присуство на членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија предводени од поглаварот г.г. Стефан и на највисокиот државен врв на 27 мај во катедралната црква „Света Софија” во Охрид ќе започнат активностите за одбележување на големиот јубилеј – илјада години од основањето на Охридската архиепископија.
