Во светот денес (15 Мај) се одбележува денот на семејството. Одбележувањето на овој ден треба да ја подигне свеста за значењето на вредностите кои се негуваат и развиваат во рамки на семејството и како тие потоа се рефлектираат на општественото живеење.
Меѓународниот ден на семејството е прокламиран од Обединетите нации уште во 1993 година. Оттогаш, 15 мај насекаде во светот се слави како ден на семејството. Овој ден претставува одлична можност да се подигне свеста за теми поврзани со семејството и да се зголеми знаењето за социјалните, економските и демографските процеси кои влијаат на семејството.
Не заборавајте денес да издвоите време за најблиските и саканите. Секогаш треба да се најде минута повеќе за семејството.