После 21 часот во Охрид нема веќе отворени аптеки. Неможете да добиете итни лекарства.
Вака беше се до 2014 година, оттогаш во градот почна да работи по една дежурна аптека.
Доколку побарате на интернет ќе видите распоред со дежурни аптеки за месец Мај 2018 година. На пример синоќа, по распоред беше дежурна аптеката Зегин 3 на улицата „Питу Гули“ во Влашка маала, но аптеката беше затворена уште во 22 часот.
На вратата немаше ниту телефонски број, ниту ѕвонче за да повикате и да добиете лекарства.
За да добиете итни лекарства ќе мора да одите во Брза помош од каде ќе се јават во аптеката, која по распоред е дежурна таа вечер, па ќе дојде лице на повик ќе отвори и ќе ви даде.
Зарем во главниот туристички центар е дозволиво да нема дежурна аптека?!