Двајца работници што работеле на изградба на автопатот Кичево-Охрид, биле тешко повредени и итно префрлени во болницата „Св.Еразмо“ во Oхрид.
Вчера, во 11,30 часот во Полициска станица Кичево, од Медицински центар Кичево пријавено е дека кај нив биле донесени повредени лицата И.М.(41) од с.Митрашинци-Берово (со тешки телесни повреди-фрактура на лева нога кај скочниот зглоб), и М.С.(61) од Делчево (со тешки телесни повреди фрактури на двете нозе), работници од ГП-Гранит, кои работеле на автопатот во изградба Кичево-Охрид во атар на с.Пополжани. Тие по укажаната лекарска помош и поради сериозноста на повредите се префрлени во Болницата Св.Еразмо-Охрид. Од извршениот увид утврдено е дека настанот се случил при кревање на кран со дигалка во еден момент дигалката изгубила рамнотежа и се превртела, при што повредените лица кои ја управувале дигалката скокнале од работната кабина на дигалката и се здобиле со повредите. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Кичево.