Топлотен бран и жолта фаза утре во Македонија

По најавите на УХМР дека Македонија утре ќе биде под влијание на топлотен бран од жолта фаза, Министерство за здравство препорачува избегнување директна сончева изложеност и престој на отворено од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, заштитни очила и капа, консумирање лесна храна и течности, најдобро обична вода и избегнување алкохолни пијалаци.

Министерството натаму посебно препорачува хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија. Според препораките, во текот на ваквите екстремно топли денови, треба да се остане во затворени простории, пред се климатизирани, а при неопходен престој на отворен простор најдете можност за почести одмори под сенка. Пред влегување во возило, тоа да се проветри, да се внимава при подготовка и консумирање на храната, да се избегнуваат термички необработени производи како мајонез од домашни јајца и внимателно да се јадат сладолед и разни кремови, препорачува Министерството. Согласно најавата на УХМР, под влијание на многу топла воздушна маса до крајот на оваа и во текот на идната недела, температурите ќе бидат над 30 степени, а долж Повардарието и над 35.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани