Туризмот во Македонија интересен за земјите од Блискиот исток

Туризмот е грана што е во фокусот на интерес на претставниците на повеќе бизнисмени од Блискиот Исток, кои денеска имаа средба со вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.

Бизнисмените од земјите на Блисиот исток,  ја избрале Македонија како можна земја за реализација на инвестиции во енергетиката, минералните суровини, туризмот, малите и средни претпријатија. На денешната средба, бизнисмените од Блискиот Исток презентирале неколку потенцијални инвестициски проекти од енергетиката, со посебен осврт кон обновливите извори на енергија, туризмот, лесната индустрија и од областа на мултимедијално рекламирање.
„Владата е отворена за странски инвестиции, добродојдени се нови инвеститори кои ќе донесат иновации, современи технологии и производи со повисока додадена вредност, а секој проект ќе биде вреднуван и од аспект на тоа какво влијание ќе има врз економијата“, изјавил вицепремиерот Анѓушев.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани