ВМРО ДПМНЕ Охрид : СДСМ нема кредибилитет да зборува за образованието

Заев и СДСМ им понудија само срам и срушено достоинство на просветните работници во Охрид.

Вака ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид ја почнува својата реакција по повод соопштението на ОО СДСМ Охрид. Во продолжение интегрално го пренесуваме соопштението:СДСМ нема кредибилитет да зборува за образованието затоа што целосно го наруши угледот и достоинството на просветните работници во Охрид.
Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има план како да спроведе коренити реформи во образованието. ВМРО-ДПМНЕ ќе го врати достоинството на просветните работници. Се обврзуваме на инвестиции во вредност не помала од милијарда евра во образованието. Инвестиции во образованието за најмладите од предучилишна возраст, а за студентите реновирани студентски домови. Најмалку еден универзитет на Шангајската ранг-листа, и секако значителна поддршка на просветните работници. Зголемување на просечна плата во државата за минимум 25% во еден мандат или во просек за 6.500 денари.
Реалноста зборува дека маските на СДСМ се разоткриени од страна на просветните работници.
Дали СДСМ е на правиот пат затоа што згаснува Филмската академија во Охрид? Зошто ги нема ветените спортски сали во основните училишта „Кочо Рацин“, „Ванчо Николески“, „Братство Единство“ во Лескајца и средното училиште „Ванчо Питошески“? Каде е регионалниот центар за обука во Трпејца? Кога имаме компјутеризација и дигитализација замислете СДСМ предлагаше да се укинат постоечките факултети за компјутерска наука и инжинерство на УИНТ „Апостол Павле“. Зарем инвестиција се три години нереформи, кратења и создавање хаос во образованието?
Наместо мотивирани наставници и покачување на платите во образованието согласно Колективниот договор, Владата на СДСМ им скрати од платата на наставниците по 5600 денари месечно. Ветија и излажаа дека ќе има избор на најдобри училишта и награди за вработените во тие училишта со 20% повисока плата во наредните 12 месеци. Просветните работници знаат дека СДСМ со Закон воведуваат национално тестирање, наместо екстерното тестирање. Законот за основно образование не се спроведува, а сосема е нефункционален новиот Закон за високо образование. Списокот на лаги на СДСМ е долг, а за неработењето и неспособноста следува казната од народот на 12 април.
На крајот од реакцијата се вели : ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДСМ секогаш работи, и ќе продолжи да работи за обнова на Македонија, а резултатите ќе бидат видливи!

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани