Во Лабуништа одредени фирми не вршат дотур на храна

Во Лабуништа од вчера одредени компании не вршат дотур на прехрамбени производи. Жителите револтирани се жалат дека леб и млеко од одредени производители не биле доставени во селото.

Причина што дистрибутерите не сакаат да одат во селото е стравот и паниката, која ја предизвикаа шпекулациите дека Лабуништа е вториот центар на епидемијата со корона вирусот, после Дебар.

– „Од досегашните информации кои ги имам две фирми не доставуваат производи во Лабуништа. Ќе ги спомнам со име Битолска млекара „Бимилк“ и некоја фирма „АМ Охрид“ не дистрибуираат роба во Лабуништа. Да се засрамат што вакви пропаганди шират, не се само тие што доставуваат робаВо Лабуништа доаѓаат педесетина фирми за сите е добро само за овие кои не доставуваат не е. Крај краева тие фирми нека му ја мислат што по завршувањето на сета оваа работа“, вели Алим Салоски жител на Лабуништа.

Во Лабуништа нема простор за паника, велат жителите. Мерките на владата се почитуваат 100%.

-„Сите граѓани се свесни во каква ситуација е нашата држава и светот. Горе долу лугето знаат како да се однесуваат и ги почитуваат сите правила и препораки од Владата.Лабуништа се живее перфектно може само некој од завидливост да завиди. Ние не сме двесте куки, ние сме 9000 жители народ Ова е центар не е играчка“, додава Салоски.

Жителите на Лабуништа за некоректниот однос од компаниите испратиле и поплака до полицијата, бараат одговорните институции во најкус можен рок да ја преиспитаат состојбата.

Во охридската полиција нема официјална пријава за проблемот. 

-„Кај нас нема официјална пријава, но ние ќе ја испитаме состојбата  и согласно законот ќе поднесеме соодветна пријава“, рече Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид во зијава за Охриднет.ком.

 

Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани