Во Опеница трет Етно Фестивал

Едни звуци, една чудесна музика, во дамнините на својот опстанок е создавана од нашиот народ. Специфични ноти и автентична музика кои може да се најдат само во македонската музика и песна.
Со овие зборови го започна своето обраќање претседател на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски на третиот по ред „Етно фестивал“ во организација на здружението „АРТ пријатели“ од Охрид, а со поддршка на Општината, во преубавиот етноамбиент и недопрената природа на Винарија ,,Манастир” во с. Опеница.
Фестивалот е темел на идентификација, како и афирмација на корените на македонската музика како дел од нашето наследство не само во Македонија, туку и во Светот.
Звуците на кавалот, тамбурата, пијаното, гитарата, бас-гитарата и ударните инструменти нека заживеат во душите на сите присутни, а нека бидат поттик за организаторите да продолжат со оваа успешна манифестација.
Голема е одговорноста да се негува традиционалното, наше музичко живеење со мелос и звук на минатото и уште поголема да бидат пренесени како аманет на генерациите денес, кои истовремено ќе бидат мост со идните поколенија, зачувувајќи го од заборав битот на македонската традиција.
Го прогласувам за отворен фестивалот кој е културна музичка содржина која дише со македонскиот музички бит и преку кој на еден прекрасен начин се чувствува спојот на остатоци од цивилизациите и природните реткости.
Прекрасно уживање во преубавта етноприказна на маестро Александар Јовевски (кавал, тамбура, пијано) и Петар Ренџов – гитара во придружба на Ивана Стојановска – вокал, Горан Гешоски – бас-гитара и Павел Ренџов – ударни инструменти.
Традиционалните носии, селски и градски од охридскиот регион преку игра и песна ни ги претставија членовите на КУД „Рацин“ од Кичево, автор на ревијата е Антонио Стојчески, рече во своето обраќање претседателот на Советот на општина Охрид Перчо Божиноски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани