Води ли некој грижа за детското игралиште во Лескајца во близина на детската градинка, прашуваат граѓаните.
Има ли институции, кои треба да се грижат она што е изградено да се одржува, велат револтирани охриѓани.
Детското игралиште воопшто не е безбедно за играње. Искршени клупи, искината ограда, куќарката нестабилна, лизгалката небезбедна. Жителите од околината стравуваат за своите деца, кои во игралиштето сакаат да се забавуваат.
Ги потсетуваат надлежните дека игралиштето треба да биде безбедно детско катче. Дека мора да се изнајде соодветен начин како тоа да се одржува и покрај тоа што несовесни граѓани уништуваат се` што е јавно добро.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
