Врвен кардиолог од Германија ќе држи работилница во Заводот за кардиологија

Заводот за кардиоваскуларни заболувања Охрид во соработка со Универзитетска Клиника за кардиологија, Скопје организира  дводневна работилница под наслов „Периферни васкуларни интервенции“, која ќе се одржи на ден 13-14 Јуни 2018г во просториите на Заводот за КВЗ, Охрид.

На работилницата ќе се прикажуваат случаи во живо од  катетеризационата лабораторија, а главен оператор и одговорен едукатор ќе биде д-р Ралф Лангхоф од Берлин, Германија.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани