Министерот за економија Бектеши, смета дека до 2020 година, Македонија ќе има 1,3 милиони туристички ноќевања.
Според министерот за економија, во јануари и февруари во споредба со истиот период минатата година имаме раст на домашни и странски гости над 17%. Ова го рече Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната работна средба во Струга со претставници на Асоцијацијата на хотели, ресторани, кафетерии и автокампови ХОТАМ, предводени од претседателот Крсте Блажевски. Министерот смета дека треба да се инвестира не само од страна на приватните субјекти туку истовремено и од државата и од локалната власт за да се подобри инфраструктурата и да се даде можност за креирање нови мерки.
-Ние како министерство работиме на тоа но и очекуваме дека во 2020 година во Македонија ќе има над 1 милион туристи и 3 милиони ноќевања, кажа министерот.Според претставниците на ХОТАМ, досега околу 20% или мал дел од барањата на хотелиерите односно од предложените мерки до Владата биле исполнети.
