Кој ќе биде претседател на Адвокатската комора на Македонија?

Во Струга се избира претседател на Адвокатската комора на Македонија.

Адвокатската комора на Република Македонија денеска во Струга ќе го одржи 63. Годишно собрание на кое ќе се изврши избор на нови органи на Комората. Откако ќе биде избран нов Управен одбор на Комората, ќе биде избран и новиот претседател, откако му истече четиригодишниот мандат на Никола Додевски.Според објавите на дел од медиумите, за претседателското место на Адвокатската комора претендираат петмината адвокати Љубомир Михајловски-Џанго, Александар Тортевски, Наташа Трпеновска Тренчевска, Димитар Панчевски и Звонко Давидовиќ.
Денеска ќе бидат одржани и „Денови на македонската адвокатура“, со што се одбележува 73 година од основањето на Адвокатската комора и 73 години адвокатура во Република Македонија, која во континуитет претставува носител во идеите и борбата за заштита на човековите права и слободи.На настанот, се очекува да присуствуваат претставници на македонското правосудство, претставници на дипломатскиот кор, претставници на академската заедница, претставници на адвокатски комори од повеќе држави, членови на Адвокатската комора на РМ и бројни почитувачи на адвокатурата и правото.Се очекува свое излагање да има претседателот на АКРМ, Никола Додевски, претставници на институции, како и претставници на адвокатски комори од регионот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани