За една вечер собрани 4 600 евра за нашата Јана

4 600 евра собра охридската младина и клубот „Авејк“ за само една вечер!

 

Хуманите луѓе кога се здружени може да направат чудесни подвизи!

Средношколската младина на Охрид во ноќниот клуб „Авејк“ во петокот на 18-ти октомври организираше хуманитарна вечер за Јана, на која музика пушташе Диџеј Гец.

Верувале или не (а неверојатно ќе им звучи само на оние кои за прв пат се среќаваат со хуманата младина на Охрид), од продадени карти, резервација на маси и сепареа и од продадени пијалаци од прометот на „Авејк“, за Јана се собраа фантастични 4600 евра!!!

-„Им благодариме од срце на сите кои со својата несебичност и огромна хуманост, здружени даваат огромен поттик на оваа акција, но уште поважно, даваат пример на оние кои треба да мислат повеќе на оваа тема, а не го прават тоа.

Браво средношколска младино на Охрид, браво за Авејк, браво за диџеј Гец, за сите инволвирани и особено за професорката Ивана Маховска Шикалеска која е еден од движечките мотори и на овој подвиг и на целата акција за Јана.

Да сте живи и здрави, да ни е жива и здрава Јана!“, пишуваат на официјалната фејсбук страна „Направи добрина донирај за Јана“. 

Инаку 33 годишната Јана боледува од редок вид на канцер и после  двете операции во Германија потребна и е итна имунотерапија. По одбивањето од страна на Фондот Охрид и цела Македонија на секој можен нчин секојдневно прибираат средства за Јана да замине на лекување. 

Донирајте за нашата Јана! 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани