Нов модел за субвенционирање на туризмот во земјава треба да биде приоритет, бидејќи сегашниот што се применува истекува во јануари, а и моделот кој е применет веќе не одговара на сегашните состојби во туризмот.
Здруженијата од туристичкиот сектор, заедники денеска на министерот за економија му ги претставија своите идеи за унапредување и подобрување на моделот за субвенционирање на туризмот.

Сегашниот правилник важи до крајот на годинава и затоа бараат итно усвојување на нов, бидејќи големите тур оператори веќе ги креираат своите понуди за следното лето.
Туристичките работници велат дека постоечкиот модел на субвенционирање го дал својот максимум. Новиот ќе се базира на зголемување на чартер летовите, но нема да ги исклучи ниту туристичките групи кои патуваат со редовни авио линии или друг тип сообраќај.
“Покрај редовното субвенционирање, исто спомнуваме и еден нов тип на субвенционирање, а тоа е конгресниот и спортскиот туризам, кој главно би се субвенционирал во периодот од октомври до мај, кога туристичката активност е помала и на некој начин би се намалил и тој сезоналитет во нашиот туризам“, вели Владимир Граматиков, претседател на Туристичко-угостителската комора на Македонија.

Асим Меџедовиќ, координатор за агенции на ХОТАМ, истакна дека треба да се донесе решние кое е подобро и ќе ги олесни административната бирократија, а истовремено нема да има импликации врз буџетот.
– „Годишно за субвенционирање на туризмот се одвојуваат од една до два милиони евра од Буџетот и за овие пет години не се искористени. Правилникот за субвенционирање чија примена истекува на крајот на оваа година е донесен пред 10 години, ситуацијата сега е променета и имаме нови моменти и бараме да дојдеме до ново решение“, рече Меџедовиќ.
Министерот за економија верува дека бргу ќе се усвои Правилникот.
“Многу е важно странските тур оператори да бидат информирани навремено за моделот на субвенционирање се со цел наредната сезона да привлечеме што повеќе странски туристи, но истовремено да биде предвидливо за сите странски тур оператори и нашите тур оператори кои се условите за субвенционирање на странски туристи”, изјави Крешник Бектеши, министер за економија.
Здруженијата од туристичкиот сектор бараат во новото законско решение, како осигурување на патувањата, да се воведе осигурителна полиса по примерот на европските држави, наместо најавената банкарска гаранција од 100.000 евра, што само финансиски ќе ги оптовари особено помалите агенции.
Нов модел за субвенционирање на туризмот во земјава треба да биде приоритет, бидејќи сегашниот што се применува истекува во јануари, а и моделот кој е применет веќе не одговара на сегашните состојби во туризмот. Здруженијата од туристичкиот сектор, заедники денеска на министерот за економија му ги претставија своите идеи за унапредување и подобрување на моделот за субвенционирање на туризмот.
