Затворениот базен во Охрид ќе биде готов во декември 2020

Затворениот базен во Охрид ќе биде готов на крајот од индата година. 

 

Владата на Република Северна Македонија вчера  ја разгледа и усвои Информацијата за динамиката на реализација и плаќање на обврските за изградба на затворен пливачки базен во општина Охрид, и ја задолжи Агенцијата за млади и спорт да предвиди затворениот пливачки базен да биде изграден заклучно со 31.12.2020 година.

Четири години откако во 2015 година беше свечено поставен камен темелник и отпочна изградбата  на затворениот базен во Охрид , објектот е се уште едвај  карабина. 

Според проектот базенот се гради на површина од 15 илјади квадратни метри,  со димензии од 33 на 22 метри, трибини и над 500 седишта. Во  репрезентативниот комплекс  треба да  има два базени, спа и велнес цетар, фитнес клуб,продавници, игротека,  угостителски објект и други комерцијални содржини. Капиталниот проект чини 5 милиони евра. 

Според тогашните оптимистички најави базенот требаше да биде готов и отворен на крајот од 2017 година или почетокот на 2018, но до ден денес едвај е карабина. 

Ова се фотографии на Охриднет направени во јуни годинава. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани