За мирјаните – радоста во надевањето, за патриците – одговорноста во опстојувањето

Ние, “возљубените чеда на бога”, ние мирјаните, тоест народот – плебсот, можеме, барем за малку, да здивнеме,по сослужението на македонските и српските патрици во Белград. Објективно, барем за поскромните, донесе радост, иако, сепак, остави сомнеж и неизвесност.

 

На оние погорделивите, “возљубените чеда на бога”, не им беше по мерак што, во сослужението имаше, уште и патрици на “трета црква” – онаа на Јован (Марко, Давид и Јоаким), но, ако и самиот Јован сватил дека радоста е поголема – не во опстојувањето на неговата, туку на нашата, Македонската православна црква, тогаш имаме уште една причина за радост.
Како и да е, сеуште сме СВОИ НА СВОЕТО.
И во земјата и во расејувањето. На стартот – признавање на каноничноста, решение по прашањето на канонското единство, опстојување на атрибутот – македонско – македонска, согласност на Руската православна црква, крај на расколот, полна внатрешна самостојност, зашто и да не – благ отклон од етнофилизмот со тоа што ќе се потпираме на Охридската архиепископија…
Отворен е патот за конечно решавање на ерарсиските прашања, најверојатно преку заедничка комисиоја на “двете сестрински цркви”. Таа формулација вчера ја користеше патријархот Портфирије, не иснсистирајќи премногу на “мајчинството”, што е добар знак.
Нема победници и победени, ПОБЕДНИК е православието!
Дедо Стефан, ако не ми се налути што, како мирјанин, користам израз од неговата, патричка специјалност, до скоро, љубеше да не нарекува: “возбљубени чеда на бога, или во Бога”. Возљубениот дедо Стефан, вчера во Белград, беше ВОЗБУДЕН. Толку возбуден што “возљубението”, во претходно напишан говор, ни го нагласуваше како – ВОЗБУДЕНИЕ!
Да не си му во кожата!
Ако, дури, и еден владика Јован, видел дека Стефана ќе го “распнат на крст некои нецрковни луге во Македонија”, тогаш, навистина, не му е лесно.
Деда Стефана, по природа на професијата, прв пат го видов есента 1999 година, во Соборниот храм “Света Софија” во Охрид, кога, неговите киолеги, собраќата владици, но и Црковно – народниот собор, му ја одредуваа и наметнуваа белата камиловка. Штом му ја видовме на главата, знаевме која е новата црковна глава во Македонија.
Три работи, ми останаа во сеќавање, се до денеска. Првата, дека претседател на црковно народниот собор, беше чедото Божјо и татково, професорот, деканот од Економскиот факултет во Прилеп, д-р Глигор Попоски, синот на блажено упокоениот митрополит на МПЦ ( 1976), прв митрополит на Дебарско – кичевската епархија во Охрид и еден од четворицата потписници на одлуката за прогласување на афтокефалноста на МПЦ, донесена од учесниците на третиот Црковно -народен собор, одржан во Охрид, од 17 до 19 јули 1967 година.
Вториот вперчаток, е во фактот што мегу мирјаните од составот на Црковно народниот собор, доминара личности (од земјата и дијаспората), од ковот – ликот и делото на госпожата со ножевите во долгата ноќ!), професионалната и животна актерка Валентина Божиноста – Валето, потоа вечниот профитер од македонизмот , Тодор Петров, те колегата Македонец по професија, Митре – Мартин Тренески и некои други. Ова не беше прашање од незначајност за МПЦ, што се виде наредните години.
И третата, можеби најважната, што еден од патриците, секогаш ранобудното петле, дедо Петар, кога ја виде белата камиловка, толку поцрне, што нам новинари, ни застана на излезот од двораната, за да ни раскаже колку дедо Стефан е недостоен за круната и камиловката. Од тука наваму знаете се : дедо Петар, за против услуга и помирение, добиваша финасиски мрсни епархии во земјата и расејувањето, а губеше тешки милиони долари по судовите, што на нашите иселеници-мирјани, православието им се претвори во кошмар и неверување.
Не само на мирјаните, туку и на свештените лица. Имам пријател под Охрид, достоен за почитување, со претходна историја на “шеф на Кабинетот” на дедо Тимотеј (мирхјански израз), всушност, секретар на Митрополија, кој, прво фати џаде за Австралија, а потоа си го продлжи патот – се до служење во Руската православна црква!
Ете, гледате, колчку се чудни патиштата божји. Но, сега, било што било, како да се поставиме?
Онака, како што ни доликува. За нас радоста од чинот во Белград (и покрај сеуште присутната неизвесност), а на дедо Стефан и останатите клерици – ОДГОВОРНОСТА. Белким знаат што чинат. И добро е што нешто чинат, ништочинењто е она најлошото.
Значи, ќе се поставиме така што ќе ги ОСТАВИМЕ!
Веќе имаме и искуство, како не треба да се поставуваме. На пример, кога се подготвуваше (а не се потпиша Нишката спогодба, 2002 -та), а и многу порано, кога двете црковни делегации преговараа во Охрид, во времето на патријархот Павле, кој даде свој печат со добра воља.
По природата на професијата, ги следев преговорите, а како Танјуговец, имав нешто поповластен пристап до српските владици. Впечаток ми остави скоро упокоениот патријарх на СПЦ, тогаш митрополит во Нишката епархиија. Приложувам една заедничка фотографија од кругот на манасторот во Свети Наум, каде беше замонашен токму дедо Стефан.
Ќе ги оставиме на мир, да се борат, за да го извојуваат најповолното за нас мирјание. За тоа гледам надеж и осмислен пат во говорот на дедо Стефан, во деловите каде тој цврсто стои на темелните ставови за македонството и се што произлегува од придавката.
Македонството и охридството, а кога е во прашање црквата, охридството е добар знак дека дедо Стефан не се откажал од традицијата, исгторијата и ВИСТИНАТА.
Српската лаичка јавност отиде дотаму што на вчерашмниот чин му даде атрибут – историски. Експертската јавност е, исто така, воодушевена, со оценката: ”решение на помолу, корак напред”.
Тамошната стручна јавност, сепак, е нешто помалку воодушевена од “лесно зададената брзина”, во однос на нашата, која е тотално збунета и неконзистентна. Особено, ние од медиумската заедница, кои, побрзавме од писмото на вселенскиот патријарј Вартоломеј, да направиме Томос за призната авотекфалност! Толку изобилство од “грешки во преводот” на Соопштението од Фенер, што на нас наседнаа и некои српски колеги.
Надеж има и во поимањето на нештата, говорот и пораките на српскиот патријарх Порфирије. Не до степен на ВОЗБУДЕНОСТА на дедо Стефана – со временското омеѓување на датумот на писмото на СПЦ до Вселенската патријаршија на во Стамбол (Константинопол), туку во неговото сеопфатно познавање на нештата, отсутната и непостоечка горделивост од “признавањето на грешкаа на македонската страна” направена во 1967 година.
Тоа е добро. Ако и самиот Бог Исус Христос, горделивоста ја означува како зло, тогаш младиот српски поглавар има време да ги покаже и докаже своите добри намери.
Каде може да се види некаков оптимизам дека она што добро почна, добро и ќе заврши?
Најнапред, во единството во ставот и од српска и од македонска страна, кога се во прашање владиците. Второ што, од српска страна, вољата доага, превенствено, во младоста на владиците, додека од наша страна, во зрелите години.
Младоста да ја разбереме како љубов и широчина, а зрелоста како – знаење и одговорност кон историјата и традицијата.

пишува Веле Митаноски

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани