„Немаме време за губење. Мојот предлог е организирање брзи предвремени избори, најбзро што може”, рече премиерот Заев на денешната прес-конференција.
-“,, Избори на кои вие граѓаните ќе донесете одлука и потврда за патот по кој треба да продолжи земјата. Тоа ќе биде мојот предлог на утрешната лидерска средба“, изјави денеска Заев на прес-конференција во владата.
Тој призна дека размислувал и за оставка на функцијата. „Сите опции беа во мојата глава, го почуствував гневот и фрустрацијата, но реков дека немам право да престанам да се борам“. Коалициските партнери СДСМ и ДУИ се уште немаат план како ќе тече организацијата на предвремените избори и дали и како ќе се имплементира правилото за Пржинска влада на 100 пред нивното одржување.
„Жртви сме на историска грешка на ЕУ и јас сум многу разочаран и лут. Гневот и лутината на граѓаните ги чувствувам како уште една лузна. Оваа одлука е исклучително лоша и неправилна постапка“, рече Заев кој призна дека во Брисел „буквално молел“ за почеток на преговорите. Сепак, тој нема намера да бара алтернативи, вели дека ЕУ останува сон на сите граѓани.
