Денес во Охрид нова средба на Заев, Вучиќ и Рама за „Мал Шенген“.
Европската перспектива на земјите од Западен Балкан ќе биде во фокусот на самитот „мал Шенген“ кој денес ќе се одржи во Охрид.
По првичната трилатерална средба лидерите на Србија, Албанија и Северна Македонија ветија во заедничка Декларација за слободно движење на луѓе, стоки, услуги и капитал во Западен Балкан дека ќе работат на подобрување на регионалната соработка со цел зголемување на економскиот раст, привлекување инвестиции и подигнување на квалитетот на животот на граѓаните.
Во декларацијата,по средба во Нови Сад се вели дека потписниците, свесни за одговорноста за обликување на судбините на нивните земји, се посветени на зајакнување на мирот, еднаквоста, владеењето на законот и просперитет за сегашните и идните генерации во Југоисточна Европа.
