После 45 години, започна реновирање на одделот за внатрешни заболувања со пнеумофтизиологија при ЈЗУ Општа болница Охрид. Интерното одделение при ЈЗУ Општа болница Охрид претставува регионален центар за општа и специјалистичка интернистичка патологија, која се карактеризира со висока фрекфенција на пациенти, кои имаат честа потреба од хоспитализација.
Последниот пат одделот бил реновиран во 1978 год. и поради тоа, отпочна комплетно реновирање, вклучувајќи осовременување на болничките соби, работни простории, кабинетите, санитарните јазли и замена на надворешна столарија.
Иницијатива за реализација на овој проект е раководителот на одделот д-р Виолета Целеска со поддршка на директорот д-р Асен Шајн.
-За таа цел се издвоени 2.900.000,00 ден од сопствена сметка и 1.300.000,00 ден. се добиени како донација од опшествено одговорни компании кои ќе бидат намемети за замена на надворешната столарија. Преку реализација на овој проект, се стремиме кон подобрување на квалитетот на здравствени услуги и условите за работа, намалување на ризикот за интрахоспитални инфекции, истовремено зголемувајќи го задоволството на пациентите, имедицинскиот персонал и подобрување на енергетската ефикасност, информираат од болницата.
