Започна втората Европска конференција за религиски дијалог и соработка.
Во Струга, синоќа започна втората европска конференција за религиски дијалог и соработка на тема „Односот меѓу религијата и глобализацијата: религискиот партикуларизам наспроти религискиот универзализам“ во организација на Центар за интеркултурни студии и истражувања. На конференцијата учествуваат повеќе од 80 научници и професори од САД, Велика Британија, Индија, Белгија, Украина, Русија, Србија и многу други земји.
Конференцијата ја отвроија ректорот на УКИМ, проф.д-р Никола Јанкуловски, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, деканот на Филозофски факултет, проф. д-р Ратко Дуев, раководителот на Центарот за интеркултурни студии и истражувања при ФЗФ, проф. д-р Зоран Матевски и директорот на МЦМС, Александар Кржаловски.
Односот на религијата кон глобализацијата, како чувар на националниот и верскиот идентит се дел од темите на Европската конференција за религиски дијалог на која учествуваат 83 научници од 20 земји од светот. Се зборуваше и за автоќефалноста на МПЦ ОА.
После првата одржана литургија на македонски јазик во црквата на Вселенската патријаршија, МПЦ е на чекор до добивањето на томос за автоќефалност. Заедничката литургија вo Константинополската архиепископија е најголемиот ден во историјата, сметаат аналитичарите.
Веруваат во успешен крај на целиот процес најдоцна за неколку месеци, но се уште не се знае какво ќе биде името на МПЦ- ОА во Томосот.
– „Претпоставувам дека ќе биде само Охридска архиепископија, а не МПЦ веројатно како дел од договорот за да се задоволат сите интереси. Претпоставувам на барање на Грчката црква нема да фигурира Македонска во Томосот“, изјави Александар Кржаловски директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка.
Од друга страна, очекувано е Охридска архиепископија дека нема да и се допадне на Бугарската православна црква.
„Можно е да има разни имиња за разни употреби веројанто БПЦ ќе избегнува можеби ќе зборува за МПЦ, но ќе избегнува да кажува Охридска архиепископија бидејки и тие се сметаат за наследничкина ОА“, додава Кржаловски.
„Она што се случуваше со МПЦ според верските правила беше нелогично, така што сега дојде до правиот епилог. Всушност ова е една логична завршница на еден процес кој МПЦ го водеше многу долго“,вели Ратко Дуев декан на Филозофскиот факултет.