Значително поевтинување на горивата во земјава

Малопродажните цени на бензините од полноќ се намалуваат за денар и пол, а на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за два и пол денара одлучи Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија.

Според нивната одлука се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,52% односно за 4,17% во однос на досегашните заради намалувањето на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар која во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 48,706 долари за барел, односно за 6,85% помалку од просечната цена на суровата нафта по која се формирани тековните цени на нафтените деривати, како и заради намалувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот четиринаесетдневен период кои забележаа намалување кај бензинот за 4,77% и кај дизелот за 7,37%. Плус на сé, курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 55,04 денари и е за 0,94% понизок од курсот на доларот по кој беа формирани цените, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување. Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според фамозната и на јавноста непозната методологија, малопродажните цени на нафтените деривати на Еуросупер БС-95 и на Еуросупер БС-98 се намалуваат на 62,50 односно 64,50 денари за литар, а малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува на 48,00 денари на еден литар.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани