Се работи проект за пречистителна станица од Елен Камен до Радожда

Се работи проект за изградба на пречистителна станица од Елен Камен до Радожда. Од ЈП „Колекторски систем“ сметаат дека доизградбата на колекторот на струшкиот дел од езерото ќе прави огромни трошоци за одржување, па затоа е потребна засебна пречистителна станица.

Според проценките овој проект би чинел околу 800 илјади евра, а средствата ќе се обезбедуваат од европските фондови преку ИПАРД 3 програмата или преку кредитно задолжување со што струшкиот дел од Охридското Езеро целосно ќе биде заштитен

-„Согласно моменталната соработка која ја имаме со шпанска фирма, која што е од добиените грантовски средства од шпанската влада имаме нарачано изработка на проект за засебна пречистителна станица за Радожда затоа што нашето мислење е дека трошоците по однос на тековно одржување на колекторски систем од Елен Камен до Радожда ќе е многу поголем“, вели Владимир Алексијоски директор на ЈП „Колекторски систем“.

Со овој проект пречиститување на отпадите води ќе има и во познатите туристички села и елитни населби., а езерската вода ќе биде од повисока категорија и побезбедна за туристите.

-„Проектот кој што се изработува во иднина доколку се прифати нашето решение ќе биде искористен за собирање на водите од Елен камен преку Радожда до пречистителна станица која што ја планираме да биде поставена после Радожда пред границата со Албанија“, додава Алексијоски.

Владата на почетокот на 2021 година донесе одлука за изградба на колектор од Радожда до Калишта , како приоритетен проект за заштита на Охридското езеро, обезбеднеи беа и финансии, но проектот се уште не е реализиран.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани