Со стручно орбазование до полесно вработување

Средното стручно образование станува сè поатрактивно за младите. Потребите на пазарот на трудот и бенефитите од дуалното образование во стручните училишта се причини за зголемениот интерес.
Оваа учебна година во стручното училиште „Нико Нестор“ во Струга се запишаа 400 ученици, со што се пополнија сите паралелки. Од седумте струки, градежно геодетска медицинска, економска, хемиско лабараториска, прехрамбена,електро информатичка најголем интерес има за архитектура.

-„Најголем интерес за архитектонскиот техничар односно за струката архитектура се поголем и поголем е интересот. Добра конкуренција на ученици, за 34 места оваа година беа пријавени конкурираа 65 ученици од кои сите со многу добар и одличен успех“, вели Кети Јанкоска директор на ССУ „Нико Нестор“ Струга.

Учењето низ пракса во локалните компании придонесува за полесно вработување на стручниот кадар.

-„Профилот прехрамбен техничар ни е дуална паралелка и текстилниот техничар ни е дуална паралелка. Од оваа учебна година и економскиот техничар е веќе дуална паралелка. Така што се трудиме што повеќе да ја продлабочиме соработката со сите компании во Струга се со цел за после четиригодишното образование веќе на фирмите им понудиме стручен кадар“, вели Јанкоска.

Во средното стручно училиште „Нико Нестор“ во Струга од година во година се зголемува бројот на ученицишто е уште една потврда дека расте инетресот за стручно обраозвание кај младите.

Зголемениот интерес за стручните училишта е резултат на побарувачка на пазарот на трудот на струки и профили, кои се добро платени.

Новинар Соња Риковскка

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани