67 години Здружение на пензионери Струга

Здружението на пензионери од Струга по повод одбележувањето на 20-Септември,патронатот на здружението,организира пригодна свечаност,по повод 67 годишнината од пензионерското организирање во општината.Во ресторанот „Лихнидас“на брегот на Охридското езеро,во соседна Албанија.

Гостите и присутните членови на здружението најнапред ги поздрави и им посака добредојде,претседателот на ИО и на Здружението на ЗП-Струга г-н Милорад Трпоски.Тој во своето обраќање нагласи дека Здружението 67 години придонесува за развој на пензионерското организирање и докажан заштитник на правата на пензионерите,посакувајќи им добро здравје и убави пензионерски денови,ги истакна најзначајните успеси на здружението во повеќе области,постигнати во своето постоење,но сето тоа како резултат на успешната соработка со матичната организација на СЗПМ,без која сите овие успеси и не можеа целосно да се реализираат.
Со постогнатите успеси,во сите области на дејствување,ЗП Струга важи за едно од најорганизираното пензионерско здружение и за почит.


Овој пиетитет и успех многу пати се потврдени од претставниците на СЗПМ и неговите органи.Резултатот на ова е добрата организација на претседателот Трпоски и секретарот Мустафаи,поставеноста,солидна кадровска структура,екипираност и работното и животното искуство на на членовите на раководството,пред се и на домаќинското работење.
Добра соработка имаме со многу здруженија на пензионери во Македонија,а посебно со збратименото Крушево.Поздрави до пензионерите од ЗП Крушево,пренесе претседателот Глигор Ангелески,додека пак во име на ЗП-Охрид и Дебарца од негово име со свои пригодни зборови ги поздрави сите присутни пензионери и имго честита 20 септенври – Денот на пензионерите на Македонија 67 година на струшките пензионери,претседателот Ѓорѓи Трпчески,на средбата имаше претставници и от ЗП Демир Хисар,како пчретставници од општинскиот Црвен крст Струга на чело со претседателот д-р Новица Шуменковски.
На средбата присуствуваа делегатите на Собранието,членови на Извршниот одбор и од Собранието на ЗП Струга,претседателите на ограноците,одборите,комисиисте, и Шенка Балтоска која на прва табла на шах за жени го освоо Прво место во Радовиш.Делегација на потесното раководство на збратименото здружение на пензионери Крушево.
На свеченоста од името на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија на присутните им се обрати Салтир Каривски,потпретседател на на ИО на СЗПМ,кој пренесе поздрави од претседателот на Сојузот Драги Аргировски,-Чуствувам особена чест и задоволство што можам во името на СЗПМ денес на Денот на пензионерите 20 септември да ве поздравам со единствена цел унапредување,збогатување и проширување на интересот и мотивираноста на пензионерите за одржување на вакви заеднички средби.Оваа средба е подржана и од Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани