Охриѓани и вевчанци повредени во сообраќајка кај Крушје

Тешка сообрќајка се случи вечерва во 20 часот кај Крушје, на патот Ресен-Охрид.

Најмалку три лица се тешко повредени во сообраќајката што околу 20 часот вечерва се случи на патот Ресен-Охрид во близина на селото Крушје.Во сообраќајката биле два автомобили со охридски и вевчански регистрации. Повредените биле итно пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.Читатели на Охриднет, во близина на местото на сообраќајката велат дека патот подолго време бил во застој, додека траел увидот од полицијата. Моментно патот Ресен-Охрид е прооден, нема застој на патот.Не се знаат причините за тешката сообраќајка.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани