Со пародија, општинската ВМРО ДПМНЕ реагира на денешната еко акција на локалната.
Администрацијата треба да биде најдобра, најтранспарентна и најуслужлива. Но, никако не треба таквата администрација да се злоупотреби за политички цели и собирање политички поени.Ненавременото и неажурно функционирање на јавните претпријатија кое доведе до еколошка катастрофа во градот, сега сака да се надополни со еколошка акција спроведена во неработен ден, во сабота.Апсурдно е кога се укинуваат сите денови каде што треба да се спроведат еколошки акции како што е Денот на екологијата, Денот на дрвото, Денот на еколошката акција на младите, присилно да се спроведуваат акции каде што вработените задолжително треба да се присутни.Со вакви и слични акции каде што општинската администрација е присилена преку правење списоци во Локалната самоуправа не се покажува грижата за чист и еколошки Охрид. Токму оваа локација им беше посочена на градоначалникот Јован Стојаноски и директорот на ЈП ,,Комуналец” пред два месеца на седница на совет и не најдоа време да ја исчитат.Затоа во иднина ќе бидеме приморани јавно да ги презентираме ваквите локации сѐ со цел да извршиме притисок тоа да го сторат.

