КУД „Дримкол“ со спектакуларен годишен концерт

Синоќа во домот на културата во Вевчани се одржа годишниот концерт на Здружението – Културно Уметничко Друштво ,,Дримкол,, од Вевчани.

Поради големиот интерес, Дримкол одржа два концерти и приреди вистинско уживање за публиката која со силни овации ја следеше и поздравуваше секоја точка од програмата.
Годинешниот концерт на КУД,,Дримкол,, беше насловен ,,Долетало лично пиле,, според насловот на музичкото ЦД на групата Каданка која го промовираше и ова свое прво музичко издание. Групата Каданка активно и успешно работи во рамките на КУД,,Дримкол,, и го прати фолклорниот ансамбал на сите концерти во државава и надвор од неа како и самостојно концертира и учествува на музички фестивали. Промотор на ова музичко ЦД на Каданка беше м-р Бошко Тренески, музиколог кој не ги штедеше зборовите ниту ги криеше чуствата со кој синоќа пред Вевчанската публика искажа голема радост и почит кон Дримкол, кон Каданка и кон се она што ова здружение го прави за Вевчани и за Македонија.


– Ова е многу вреден музички матријал и е важен по три основи: прво затоа што се избрани изворни песни од богатата ризница на Вевчани и преку тоа се зачувува обредната песнопојна традиција на ова место, второ, преку останатите песни се чуствува духот и традицијана на целата наша држава и трето, затоа што вакво музичко здружување на квалитетни гласови и одличен традиционален и народен оркестар за прв пат се појавува во Западна Македонија – истакна во своето обраќање, м-р Треневски.


Покрај изведбата на 8 песни од ЦД со кој Каданка синоќа ја воодушеви публиката, на сцената со свои кореографски постановки се претставија и сите фолклорни состави на Дримкол презентирајќи сценски адаптации од Источниот дел на Македонија и од Битолско, а премиерно ги изведоа и Русалиските игри од Гевгелиско како и песните и ората од Раштак – Скопско.
Од КУД,,Дримкол,, најавија гостување низ различни градови на Македонија со концертот ,,Долетало лично пиле,,.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани