Денеска, циклонот „Тодор“ го сардиса Охрид и остави бројни последици во градот.
Силен ветер, електрични празнења, силни грмотевици, интензивен пороен дожд и поплавени улици, на Охрид му донесе денешниот циклон „ Тодор“. Третиот по ред циклон што во изминативе неколку месеци го зафати Охрид, повторно донесе поплави на „Коста Абраш“ и на уште неколку улици во стариот дел на градот, по „Железничка“ и во Долно Лакочереј. Тука поплавени се дворови и простории на приземјата од куќите.Денеска „Тодор“ покоси и неколку стебла кои за среќа, според досегашните информации на Охриднет, не предизвикаа штети по возилата.Инаку, денеска „Тодор“ дојде по посетата на неговите колеги- циклоните „Алексеј“ и „Давид“, кои во март и јануари, со ветер од скоро 100 км.на час предизвикаа бранови високи и до 2,5 метри и го поплавија Охрид и Струга.



