15 годишно девојче возејќи мопед паднала и добила тешки телесни повреди.
Вчера, во 16.45 часот на ул. „Сирма Војвода“ во Охрид, 15-годишно девојче од Охрид, управувајќи мопед „Ханг лонг“ со охридски регистарски ознаки, изгубилo контрола над мопедот и се излизгалo по коловозот.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, вели дека од падот, девојчето се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош било пренесено во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му била укажана лекарска помош. Додава двид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.
По овој немил настан, се јавува потребата од позачестени полициски контроли врз моторџиите и посебно од казнување на оние кои без положен испит управуваат мопеди или возат без кациги и друга заштитна опрема.
