Мобилниот 25% причина за вкупниот број на сообраќајки

 

Мобилниот телефон учествува со 20 до 25 отсто  како причина за одвлеченото внимание на возачот  и предизвикани сообраќајни незгоди.

Пишувањето смс порака зад волан е еднакво на возење со затворени очи цели шест секунди за кои возило со брзина од 60 километри на час поминува 100 метри.

Со развојот на технологијата, во наредните години, се очекува овој проблем дополнително да се зголемува.

Кога возите оставете го мобилниот телефон настрана. Без изговори и без оправдувања. Животот и здравјето, но и безбедноста – нека ви бидат секогаш на прво место, апелира Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

-И покрај црната статистика, на светско ниво, 45 проценти од возачите го користат мобилниот телефон додека возат, а според истражувањата на РСБСП, во Република Македонија, 63 отсто од возачите користеле мобилен телефон додека возат. Универзитетска студија во САД, проценува дека употребата на мобилни телефони за време на возењето, резултира со околу 2.600 смртни случаи и 330.000 сериозни повреди годишно, а пак истражувањата на СЗО покажуваат дека употребата на мобилен телефон ја зголемува опасноста од сообраќајна незгода за четири до девет пати, укажува Советот.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани