13000 петарди биле пронајдени во продавницата во Градскиот пазар.
На 28 декември оваа година, извршен е претрес во домот на И.Ш. (44) на улицата „Гоце Делчев“ а потоа и во неговата продавница за обувки лоцирана на Градскиот пазар во Охрид. Притоа, пронајдени и одземени се вкупно 13.000 различни нелегални пиротехнички средства. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид против И.Ш. ќе поднесе соодветна пријава..
