Станка е новата претседателка на македонските пензионери.
За првпат во историјата, на чело на пензионерската организација во Македонија, застанува жена. Нова претседателка на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија (СЗПМ ) и на Извршниот одбор е Станка Трајкова,која доаѓа на местото на досегашниот претдседател Драги Аргировски.На Собранието кое се одржа на 29 март 2019 год во Скопје,на кое учествуваа 63 делегати,меѓу кои и делегатот од Здрушението на пензионери од Струга Даути Хурем,од ЗП Вевчани Наум Чочороски и ЗП Лабуништа Хамди Ислани, Трајкова ја доби најголемата доберба од присутните,пред нејзиниот противник.Трајкова предходно ја вршеше функцијата секретарка на ИО на СЗПМ.Новиот претседател на Собранието е м-р Илија Адамоски.
